Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа


Групацијата за игри на среќа Novomatic свечено ги отвори вратите на своето најново казино во градот – Grand Casino Admiral, престижен објект лоциран во Limak Skopje Luxury Hotel, во склоп на комплексот Diamond Of Skopje.

На 12 и 13 Април Grand Casino Admiral беше домаќин на два спектакуларни концерти кои беа одржани во Gourmet Avenue на Diamond Mall.

Под мотото „Дојдете да ги свртиме заедно среќните коцки и да се забавуваме со најголемите македонски артисти“, Grand Casino Admiral ја започна својата приказна за создавање на врвно играчко искуство на македонскиот пазар.

Влатко Стефановски и Владо Јаневски беа задолжени за спектакуларната забава на гостите кои уживаа во најголемите хитови на нашите ѕвезди, а исто така имаа можност и да го посетат казиното и да добијат промо грепки со кои може да си ја испробаат среќата.

Прославата продолжи со врвните Brass Brothers и нашиот урбан DJ Zoki Bejbe заедно со голем огномет кој ја направи вечерта незаборавна.

Свеченото отворање на Grand Casino Admiral беше вечер за паметење, исполнета со забава, луксуз и возбуда.


Grand Casino Admiral претставува најсовремен архитектонски објект кој нуди широк спектар на игри во амбиент кој зрачи со елеганција за незаборавно играчко искуство.

Љубителите на живата игра ги пречекува високо обучен персонал посветен да ja направи секоја посета во Grand Casino Admiral исклучителна. Согласно највисоките светски стандарди, секој гостин добива персонализирано внимание кое обезбедува брза и ефикасна услугa.

(Спонзориран текст)