Со психоактивни дроги ќе се лекува депресија?

 

Британските регулатори почнаа студија со која треба да дадат дозвола за клиничко испитување на психоактивната супстанца диметитриптамин (ДМТ), Покрај тоа, ќе се испитува и нејзината ефикасност во лекувањето депресија.

ДМТ е хемиски спој кој по молекуларната градба е најсличен на псилоцибинот од психоактивните печурки. Многумина го нарекувааѕ „Божја дрога“, а познато е дека кај корисниците предизвикува одреден вид халуцинации слични како кај луѓето кои конзумираат ЛСД.

ДМТ е еден од главните состојки на јужноамериканското пиво ayahuasce кое се користи при шаманските обреди. Исто така, ДМТ може да се најде во неколку билки кои се наоѓаат пред се на јужноамериканските простори.

Клиничкото испитување во Велика Британија ќе го води Центарот за психоделични истражувања во Лондон во соработка со неурофармацевтската компанија „Смол Фарма“ која одобрението го опиша како „вистински револуционерен момент“ во лекувањето на депресијата.

Како што наведоа, во почетокот ќе се видат нуспојавите на ДМТ кај здрави луѓе, а потоа се очекува да следи друго истражување во кое ќе учествуваат и луѓе кои имаат проблеми со депресијата

Со оглед на карактеристиките на оваа супстанца, покрај Регулаторната агенција за лекови, дозвола за продолжување на испитувањето во клинички цели ќе мора да даде и министерството за внатрешни работи на оваа држава. Откако ќе се добијат сите одобренија, клиничкото испитување на психоактивната дорга ќе почне во полн капацитет, а научниците се оптимисти во однос на резултатите.