Со повеќе вработувања против кризата


„Најдобриот начин на кој можеме да се избориме со кризата е, тука во Северна Македонија да отвориме и обезбедиме што е можно повеќе работни места за нашите граѓани. Најдобриот начин како да се избориме со високите трошоци за живот, е да донесеме подобро платени работни места во индустриите на иднината, кои се поддржани од оваа Влада“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој кажа дека изминатиов период се отворија неколк нови инвестиции, меѓу кои и вчерашната на компанијата „Киел Македонија“ во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра.

„Тоа е само показател дека и во услови на криза се реализираат големи инвестиции. Само од новите инвестиции кои ги објавивме изминативе неколку месеци се отвораат нови над 1700 работни места“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека инвестициите во сите зони се цел на владата, за кризата да се преброди со нови фабрики и нови вработувања.