Со пари од Јапонија Желино купува ровокопач
Амбасадорот на Јапонија Н.Е. Савада Хиронори во Желино потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (GGP) со цел да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија.
Церемонијата за потпишување на проектот беше отворена од градоначалникот на Желино, Блерим Сејди, а учествуваа Н.Е. Амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада заедно со директорот на јавното комунално претпријатие „Мирмбајтја“, д-р Суад Алили, во Желино.
Проектот за обезбедување на Општина Желино со ровокопач во вредност од 64.158 евра, има цел да го зголеми квалитетот на комуналните услуги за безбедноста на сите граѓани на општината. Новиот ровокопач ќе помогне на општината и јавното комунално претпријатие за чистење на каналите, спречување на поплави и ќе овозможи проодна патна инфраструктура за ранливите планински села кои често се отсечени во зимскиот период поради обилните врнежи на снег.
Ова е прва донација од страна на Јапонија за Општина Желино, преку програмата GGP.
Преку грант програмата за мали проекти GGP Јапонија има финансирано и реновирано и обезбедено опрема за преку 70 училишта и градинки, 57 јавни здравствени институции и има обезбедено 31 специјализирано возило за управување со отпад за 49 општини.
Јапонија ја поддржува Северна Македонија во различни сектори, континуирано во инфраструктурен развој, подобрување на здравствените услуги, образованието, животната средина, култура, помош при природни катастрофи и бегалски кризи како и итна помош која изнесува повеќе од 422.3 милиони евра како и друга нефинасиска помош.