Со отстранување на палмите во Охрид почна почитувањето на препораките од УНЕСКО


Справувањето со проблемите нотирани во Извештајот на реактивната мисија на УНЕСКО, кои се закануваат Охридскиот регион да го стават на листа на загрозени подрачја, започна со отстранување на палмите кои пред неколку години беа засадени во рамки на акцијата „Ден на дрвото“, јави Ohridnews.

 

Се работи за неавтохтони видови, што беше посочено од УНЕСКО, a тие ќе бидат заменети со соодветни, информира градоначалникот на Охрид Георгиески.

– Дадов налог да се отстранат сите палми, a на нивно место ќе бидат засадени садниците предвидени за улицата „Јане Сандански“. Со оглед дека реконструкцијата на оваа улица ќе биде последна, бидејќи таму се предвидени градби кои не задираат во проблемот со УНЕСКО, нема да се реконструира дрворедот таму сега, туку по завршување на сите инфраструктурни интервенции за да нема крпеници. Дрвјата предвидени за таму ќе бидат засадени на место на палмите – изјави градоначалникот Георгиески.