Со нож нападнале тинејџер пред продавница во Чаир


Во вторникот, тинејџер пријавил дека две лица го нападнале со нож пред продавница во скопски Чаир.

Имено, во 16 часот во СВР Скопје, М.А.(18) од Скопје, пријавил дека околу 13.15 часот пред продажен објект на крстосницата помеѓу ул.„Цветан Димов“ и ул. „Џон Кенеди“, бил нападнат со употреба на нож од Ф.Б. и И.М..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.