Со новиот закон инфлуенсерите во Франција може да завршат во затвор


Инфлуенсерите во Франција сега можат да бидат осудени на затвор ако се утврди дека ги прекршиле новите правила за популаризирање, објави Си-Ен-Ен. Законот има за цел да ги заштити потрошувачите од погрешни или лажни производи или штетни трговски практики што се среќаваат онлајн. Законот ќе ја ограничи промоцијата на лотариските игри и обложување и забранува рекламирање на производи како што е тутунот. Ова е прв ваков закон во Европа.

Во средата, меѓупартискиот закон беше усвоен едногласно со гласање во
Сенатот, откако помина низ останатите делови на Парламентот. Инфлуенсерите се онлајн личности кои имаат голем број следбеници и можат да воспоставуваат  трендови. Некои од нив ги поттикнуваат луѓето да купуваат производи кои се рекламираат, но често не потврдуваат  дека прифаќаат пари во замена за нивното рекламирање.

Француските пратеници рекоа дека во услови на зголемување на бројот на измамени
онлајн лицат се обидуваат  да ги „разјаснат контурите“ на комерцијалната онлајн активност и да ги наведат „одговорностите и должностите“ на инфлуенсерите. Според законот „учесниците со комерцијално влијание“ нема да можат да  рекламираат лотарија или коцкање на платформи кои немаат капацитет да го забранат пристапот на малолетни лица. Заедно со тутунските производи, ќе биде забрането и рекламирањето на естетската хирургија, како и некои финансиски производи и медицински помагала. Сепак, постои загриженост за способноста на властите да ја следат усогласеноста на новите правила – особено кога сметките на инфлуенсерите се видливи во Франција, но лицето е физички надвор од надлежноста на државата.

Се проценува дека во Франција има повеќе од 150.000 инфлуенсери, според податоците од
Министерство за економија, финансии и индустриски и дигитален суверенитет.