Со нивни „камен“ по глава: Сега Левица гласа против проектите на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје


Советот на Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ, чиј градоначалник сега раководи со Скопје откако со години ја блокираа Данела Арсовска, денес се пожали со соопштение дека партијата
Левица денес не ги поддржала нивните проекти,т.е. не гласала за изградба на улици, паркови и булевари, работејќи „на штета на скопјани“.

„Кога инаетот и политиканството е посилно од конструктивноста и интересот на граѓаните, тогаш сигурно се работи за Левица.Левица денес во Советот на град Скопје не гласаше за новиот ребаланс на буџет со кој се инвестира во нови паркови, булевари, улици и мерки за почист воздух.Скопјани треба да знаат дека со новиот ребаланс се предвидува, а Левица не гласаше и не поддржа:

-Изградба на парк Христијан Тодоровски Карпош

-Изградба на парк Лепенец

-Започнување со изградба на 50 мини паркови

-Реконструкција на улица Фрањо Клуз

-Кружен тек во Ѓорче Петров

-Трета лента на Булевар Александар Македонски

-Булевар Хрватска

-Булевар Асном

-Клучката кај Момин Поток

Покрај овие проекти се обезбедуваат и средства за изработка на проекти за повеќе улици меѓу кои се Шарпланинска, Бутелска, Радишанска, Кружен тек кај Тобако 2 и други.Блокадите и кочењата се одлика на Левица. Тие треба да објаснат зошто работат на штета на скопјани, порачаа од партијата која четири години го правеше истото тоа, па уште и победи во Град Скопје.