Со лего-коцки ја олеснуваат болката за починатите

Погребниот музеј на виенските централни гробишта претстави нова колекција лего-коцки, кои имаат терапевтски карактер.
Музејот е познат по тоа што настојува на јавноста да им го приближи историјатот на виенската култура на жалење по покојните и погребите, но и по тоа што посетителите ги соочува со темата смрт.

Откако претходните лего-серии на погребниот музеј доживеаја голема популарност, дури и надвор од границите на Австрија, новата колекција е побогата за надгробни споменици, гробови, мала механизација, фигури на гробари, крематориум, но и ужалено семејство кое се состои од татко, мајка, дете, покојник и скелет.
Новата колекција на погребниот музеј пред сѐ, има терапевтско дејство со цел на децата да им се олесни поимањето на смртта и на родителите да им го олесни разговорот со децата кога ќе се случи смртен случај во семејството или блиската околина. Замислата е на децата низ игра да им се објасни што се случува со покојните.

.
Во проектот учествува и виенскиот „Покраински сојуз за психотерапија“, чии претставници се надеваат дека новата лего-колекција набрзо ќе најде примена во ординациите.
Винскиот погребен музеј е основан во 1967 година и е во сопственост на градското погребално претпријатие кои воедно се грижи и за виенските гробишта.