Со „Лада Нива“ прегазил маж, жена и дете


Вчера попладне на ул. „Илинденска“ во с. Велгошти, охридско, автомобил удрило во пешаци, маж,жена и дете.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ц.С., а со телесни повреди се здобила Ј.С. и биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Додека, кај детето не биле констатирани повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.