Со коронавирус заразени над 35 милиони луѓе во светот

САД – Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на крајот на декември минатата година, повеќе од 35 милиони луѓе во светот се заразени со овој вирус.

Според веб-страницата „Ворлдметерс“, вкупно 35.070,750 луѓе се заразени со коронавирус во светот.

Има 7.970.957 активни случаи, а повеќе од 66.000 пациенти се во критична состојба.

Досега оздравеле 26 милиони луѓе, а 1.036.413 луѓе починале како резултат на Ковид-19.

Најмногу заразени има во САД – речиси 7,6 милиони луѓе, потоа во Индија со 6,5 милиони и Бразил со скоро 4,9 милиони пациенти.