Со изборот на седмиот судија, Уставниот суд на Црна Гора се комплетираше по три години


Парламентот на Црна Гора го избра Фарук Расулбеговиќ за седми судија на Уставниот суд, комплетирајќи ја таа институција по повеќе од три години.

Од 81 пратеник, за избор на Расулбеговиќ гласаа 56 од владејачкото мнозинство, а воздржани беа 21 пратеник од опозицијата.

Со ова заврши процесот на избор на судии на Уставниот суд, кој започна во 2020 година.

Врвот на уставната криза се случи во втората половина на минатата година, кога Уставниот суд имаше само тројца од седум судии, поради што неговата работа практично беше блокирана.

Во тој период Европската Унија и Соединетите Американски Држави најостро предупредуваа дека процесот на пристапување на Црна Гора во ЕУ ќе биде стопиран. Дури во февруари годинава Собранието на Црна Гора избра тројца судии со што се деблокира работата на Судот.