Со интерактивната танцова претстава „Myselves“ завршува „Танц фест“


Со интерактивната танцова претстава „Myselves“ на француската група „K-Danse“ вечерва во Македонскиот народен театар ќе биде затворено 21. издание на Танц Фест реализирано во соработка со Францускиот институт во Скопје.

Како што стои во соопштението на Францускиот институт во Скопје, танцовата претстава е дијалог меѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, која ги вкрстува современиот танц и дигиталната уметност.

– Оваа извонредна танцова претстава е дијалог помеѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, отелотворени во визуелно и звучно единство. Танцовата креација ги вкрстува современиот танц и дигиталната уметност, прикажувајќи интеракција помеѓу изведувачот и неговите многубројни лица низ најразновидни трансформации. Со употреба на телесни и оптички сензори, танчерката нè внесува во единствено ументичко искуство каде површините за проекција стануваат портали кон невидливото, а виртуелните идентитети на изведувачот се појавуваат и исчезнуваа, се наведува во соопштението.