Со голема забава во Чешка се простуваа од корона вирусот


 

Неколку илјади граѓани во Чешка се собраа на Карловиот мост во Прага каде организираа симболична забава со која се простија од Ковид-19.

Учесниците на забавата, одржана во вторник, со себе понесоа храна и пијалоци кои меѓусебно ги делеа.

На забавата не се почитуваше социјалната дистанца, а организаторите рекоа дека прославата е организирана во период кога нема туристи, пренесе Би-би-си

Учесниците ги забавуваа локални музичари и улични свирачи.

Организаторите рекоа дека со прославата дакале да го одбележат крајот на кризта настаната поради пандемијата со корона вирусот и дека сакале да покажат оти луѓето не треба да се плашат да се состануваат.

Во Чешка досега од корона вирус заболеа околу 12.000 лица, а 350 починаа.

Минатата недела владата на Чешка дозволи собирање до 1.000 луѓе, како и отворање на базените, музеите, зоолошките и дворците без ограничувања.