Со елеганција сме веќе во Европа: Моден портрет на новиот кабинет на Заев (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Мандатарот Заев и кандидатите за нови министри и вицепремиери, за модниот портрет на новиот кабинет „позираа“ пред и во Собранието елегантни со вратоврска или без вратоврска, во бели кошули, со манжетни, во добро скроени костуми и елегантни чевли. Дипломатски стил со европски шмек. Од различни генерации, и исто поднебје, а сепак заеднички им се добриот вкус, почитување на дипломатскиот протокол, негуван изглед и топ-форма. Нема место за претерување ниту приватни желби, туку строги и чисти линии, и удобност во носењето на очигледно брендираните, но ненаметливи парчиња машка облека.

Фото: Б. Грданоски

Од дамите, Шеќеринска и Царовска децентни и едноставни, доследни на досегашниот минималистички стил, едната во циклама боја фустан, дизајн на Кокев, другата во црн и необичен фустан. Новите Шахпаска и Стефоска во покежуал издание.

Фото: Б. Грданоски

На новиот кабинет моден додаток им беа насмевките, доброто расположение и официјални и селфи-фотографии за долго сеќавање.

Фото: Б. Грданоски

Заев како мандатар утринава го достави до Собранието предлог-составот и програмата на новата влада откако ноќеска до доцна по полноќ Собранието на маратонска седница ги констатираше оставките на идните министри и потоа избираше други пратеници.

Фото: Б. Грданоски

Заев очекува од идната недела да почне да функционира новата влада затоа што треба институциите во полн капацитет да ги решаваат проблемите.

Л. Сабит

Фото: Б. Грданоски

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски