Со експлозив срушени највисоките предаватели во Чешка (Видео)


Предавателот Liblice RADIO, кој се сметаше за највисок среднобранов предавател во светот и највисока зграда во Чешка, беше срушен вчера. Две челични кули високи 355 метри беа срушени со детонирање на дел од нивните потпорни кабли.

Видеата покажуваат како кулите се срушиле за само неколку секунди. За уривањето биле употребени околу 4,5 килограми специјален експлозиви. Полицијата евакуирала и го обезбедила околниот простор пред експлозијата. Точниот датум на уривањето намерно не бил објавен за да се избегне собирање љубопитни луѓе.

 

На техничарите им биле потребни околу 45 минути за да стигнат до самиот врв со сервисниот лифт. Радио програмата, која се емитувала на фреквенција од 639 kHz, некогаш можела да се чуе далеку надвор од чешките граници, вклучително и Германија.

Многумина сакаа да ги зачуваат
За да заштедат пари, јавниот радиодифузен сервис ги исклучи своите среднобранови предаватели на крајот на 2021 година. До крајот на 2025 година, програмата „Кантри радио“ продолжи да го користи предавателот Либлица, но со значително намалена моќност на емитување.
Челичните решеткасти кули беа официјално завршени во 1976 година, во тогашна Чехословачка.

Историјата на оваа локација на предавателот, која се наоѓа на околу 30 километри источно од Прага, датира од 1930-тите. Плановите за спасување на овие препознатливи кули не успеаја поради високите трошоци за одржување и модернизација, кои беа проценети на нешто помалку од 7 милиони евра.

Застапниците за зачувување бараа кулите да бидат прогласени за историски споменик, истакнувајќи дека тие се уникатен пример за инженерство. Други тврдеа дека станицата треба да се зачува за употреба во итни случаи и катастрофи.