Со две дози вакцинирани 564 илјади граѓани


Фото: Б. Грданоски

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 741.553 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.251 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13.219 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.306.042 дози вакцини, а ревакцинирани се 564.488 граѓани.

Со последните бројки, како што соопшти Министерството за здравство, 53 проценти од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29 посто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека најголем број од пациентите во болниците се невакцинирани. „Околу 9 проценти од смртните случаи се вакцинирани, но тоа се пациенти кои имаа тешка состојба и со сериозни коморбитети“, изјави тој.