Со доградба на четири училници во ООУ „Лазо Ангеловски“, ќе се укине третата смена
Во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, почна изградбата на четири дополнителни училници, со што треба да се реши повеќегодишниот проблем за организирање на наставата во две, а не како до сега, во три смени.
– Изградбата е од исклучителна важност за овој дел на Општината. Со решавање на овој децениски проблем, со доградба на четири нови училници, кои се инвестиција на локалната управа, односно на Општина Аеродром, ќе се реши деенискиот проблем во делот на она што значи обезбедување услови и простор за реализација на наставата. СО градната на овие четири училници, четири санитарни јазли треба да се реши проблемот на учениците кои доаѓаат во трета смена. Во иднина училиштето нема да работи во три смени – рече на почетокот на изградбата директорот Перо Арсеновски.
Објектот треба да биде готов за три до четири месеци, а директорот се надева дека од септември училниците ќе бидат подготвени да ги примат првите ученици.
Училиштето „Лазо Ангеловски“’ според бројот на ученици е најголемо во Македонија. Тука учат близу 2.000 ученици од прво до деветто одделение. Во моментот, поради пандемијата од корона вирусот, настава со физичко присуство од прво до трето одделение посетуваат околу 400 деца.
Неколку одделија, поради почетокот на изградбата на училниците, кои треба да се спојат со стариот дел на училиштето се разместени и настава следат во други простории, со придржување кон протоколот за заштита од корона вирус.(Б.Б.)