Со црвена боја нападната зградата на Европската комисија во Софија
Учесниците на „Маршот за мир“ ја обоија со црвена боја зградата на Европската комисија во нашата Бугарија.„Маршот за мир“ започна во близина на Националната палата на културата и помина низ улиците на главниот град и булеварот „Витоша“ до Претседателството и Народното собрание.
Маршот блокираше голем број улици и раскрсници во центарот на градот.
Дел од учесниците, меѓу кои имаше и поддржувачи на „Вазраждане“, скршнаа кон претставништвото на Европската комисија и го обоија со црвена боја. Собраните навиваа со извици „Браво“.
На маршот учествуваа претставници на различни политички организации и
партии, меѓу кои „Вазраждане“, БСП, МИР итн.
-Силно го осудувам нападот врз зградата на претставништвото на Европската комисија во Софија. Исклучително е алармантно што овој феномен на вандализам доаѓа во време на тешки предизвици пред Бугарија. Денес нашата и меѓународната заедница со исчекување го следи разрешувањето на тешката политичка криза во која се наоѓа нашата земја веќе две години. Одговорност на политичките партии, особено на оние кои најмногу ги објавуваат своите патриотски чувства, е да ја обезбедат безбедноста, стабилноста и интегритетот на земјата наместо да поттикнуваат нови поделби и скандали. Во таа насока, ги повикувам партиите на демократскиот систем уште еднаш да застанат обединети во име на националните интереси на Бугарија и да формираат силна редовна влада. Единствено гаранциите за продлабочување на процесите на нашата евроатлантска интеграција можат да се спротивстават на хибридните обиди за инфилтрирање на непријателското руско влијание во нашето општество, реагираше лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов.