Со брз воз од Солун до Атина за помалку од 4 часа
Атина и Солун ќе бидат поврзани со првиот електричен брз воз од следниот понеделник, со кој ќе се намали времето за патување од повеќе од пет часа на три часа и 55 минути, истакна генералниот секретар на Министерството за транспорт и врски на Грција, Танос Вурдас.
Тој за грчката новинска агенција АНА-МПА изјави дека станува збор за три нови експресни воза кои ќе бидат дел од дневниот распоред на грчката железница по трасата Атина-Солун, а на патниците ќе им биде обезбеден и интернет во возовите.
„Следната среда министерот за транспорт и врски на Грција, заедно со претставници на грчката железница, ќе ја претстави новата двонасочна електрифицирана линија меѓу Солун и Атина.