Со автомобил удрил во малолетен пешак


Во четвртокот, во 7.45 часот на ул.„Призренска-2“ во Скопје, патничко моторно возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(57) од Скопје, удрило во малолетен пешак.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.