Со автомобил влетал во луѓе на божикен панаѓур во Магдебург – најмалку еден мртов


Во градот Магдебург на истокот на Германија дошло до терористички напад на божикниот пазар.

Според германските медиуми, возачот намерно удрил со својот автомобил во луѓе на божиќниот пазар. Во нападот се ранети најмалку 60 лица, а досега е потврдена смртта на едно лице.

Возачот веднаш бил уапсен. Медиумите јавуваат дека возачот со голема брзина влетал во толпа луѓе во правец на градското собрание, а луѓето панично избегале. Властите го истражуваат нападот како тероризам.

Магдебург, кој се наоѓа западно од Берлин, е главен град на провинцијата Саксонија и има околу 240.000 жители.

Премиерот на Саксонија: Страшен настан
Премиерот на германската сојузна покраина Саксонија, Рајнер Хаселоф е на пат за Магдебург, јавува германската телевизија МДР.

„Ова е ужасен настан, особено сега, во деновите пред Божиќ“, рече тој.

Каде се наоѓа Магдебург

Очевидец: Сцена како од војна
Една жена интервјуирана од Билд вели дека возачот со голема брзина влетал во областа на божиќниот пазар во Магдебург.

„Имаше многу семејства. Успеав да скокнам настрана со моето дете во последен момент“, рече таа.

Еден ресторант вели дека сторителот истрчал покрај неговиот штанд за хамбургери. „Тој зад себе остави сцена која потсетува на војна“, додаде тој.