Со 400 амандмани ВМРО-ДПМНЕ сака да го блокира разрешувањето на Фадил Зендели


Фадил Зендели

 

Денеска ќе продолжи вчера започнатата расправа за разрешувањето на пратеникот на Беса, фадил Зендели, од Комисијата за избори и именувања но што ќе се случува на собраниската седница е нејасно. ВМРО-ДПМНЕ поднесла над 400 амандмани, а Беса уште десетина против разрешувањето на Зендели.  Според информациите, Џафери веќе навестил дека амандманите ќе ги отфрли бидејќи не била запазена процедурата при поднесувањето.

„Џафери усно ни кажа дека амандманите не биле поднесени како што треба. Чекаме писмено да ни образложи зошто амандманите ќе ги врати за да може да му одговориме. Ќе видиме како ќе дејствуваме. ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието, нема да и дозволиме на власта бришан простор за носење закони, но на координациите кај Џафери повеќе не одам. Нема потреба да учествувам на координации за да легитимирам приватна забава на власта“, изјави Мицевски.