Со 10 милиони евра од ЕУ во четири града ќе бидат заменети нееколошките системи за затоплување


Каја Шукова

 

Министерството почнува со проект со финансиска поддршка од Европската унија во вредност од 10 милиони евра, со кој во четири града во земјава нееколошките системи ќе бидат заменети во еколошки системи за затоплување во јавни објекти, најави денска министерката за животна средина, Каја Шукова.

„Проектот е 10 милиони евра, околу 5,6 милиони евра ќе се користат во четири општини Скопје, Куманово, Битола и Тетово за замена на нееколошки системи. Во моментов ги мапираме објектите во тие четири града за да утврдиме точно кои се најбитните каде што треба да се почне со замената на системите. Во рамките на овој проект ќе зазелениме нови јавни површини во овие четири општини“, рече Шукова на денешната најавна прес-конференција за отпочнување на годинешната акцијата за пошумување.

Министерката информира дека ќе набават пет или шест автобуси за Градот Скопје, исти како што биле набавени пред две години со заем од Европска банка за обнова и развој. Тие ќе бидат грант за Градот Скопје. 

На новинарско прашање дека некои мерни станици за квалитетот на воздухот не работат, Шукова потенцира дека се работи за автоматски мониторинг станици кои имаат сензитивни делови, инструменти кои што многу често се расипуваат, меѓутоа ти се поправаат во континуитет од страна на Министерството.