Снимката на Бранко Коцкица како го гледа протестот во Белград стана вирална


 

Снимка од Бранко Милиќевиќ, најпознат како Бранко Коцкица, како го гледа стуидентскиот протест од балконот на зграда на плоштадот Славија во Белград, стана вирално на социјалните мрежи. Фотографот Гаврило Андриќ го снимил познатиот актер и поранешен советник на Српската напредна партија, според описот на видеото, како намќоресто ги гледа собраните граѓани на митингот „Ти и јас, Славија“, објавува „Нова.рс“.

Бранко Коцкица беше советник на Српската напредна партија (СНС) во Градското собрание на Белград, а од таа позиција поднесе оставка во септември минатата година. И покрај ова, во ноември 2025 година беше виден во близина на Пионерскиот парк додека минуваше покрај група граѓани собрани околу Дијана Хрка. Таа е мајка на млад човек загинат при уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад, а на годишнината од смртта на нејзиниот син објави штрајк со глад.

Неговите политички активности беа обележани и со инциденти. Во 2022 година, на седница на Белградската комисија за споменици и имиња на плоштади и улици, Милиќевиќ ги навредуваше и употреби вулгарен јазик против членовите на движењето „Не давимо Белград“ и коалицијата „Мораме“. Потоа ги фрли со дневниот ред и материјалите подготвени за седницата.

Две години подоцна, во 2024 година, тој учествуваше во дебата на седница на Градскиот совет каде што се избираше градоначалник на Белград. Во момент кога се очекуваше да зборува за тогашниот кандидат и сегашен градоначалник Александар Шапиќ, Милиќевиќ реши да настапи.

Откако доби збор, застана на говорницата и извика: „Александар Шапиќ…!“, ширејќи ги рацете и правејќи гримаси. Потоа продолжи: „Немам зборови, имаме дланки“, покажувајќи со прст кон советниците на владејачкото мнозинство, од кои побара и доби прилично млак аплауз. После тоа, горд на својот настап, ја напушти говорницата.