Снимени војници на НАТО на Дунав


Војниците на НАТО се забележани како изведуваат вежби во воздухот над Дунав во Романија, како и на самата река, наведува агенцијата АП.

Според фотографиите објавени од Асошиетед прес, неколку војници на Алијансата се видени како пловат низ делтата на Дунав во регионот Махмудија.

Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску рече дека станува збор за претходно планирани вежби од одбранбен карактер.

Целта на вежбата, како што истакна таа, е да се покаже дека НАТО е подготвен да ја брани секоја своја членка, особено ако е во опасна средина.