Снег во Црна Гора


На северот на Црна Гора паѓа снег, пред се во Беране, Андријевци, Плава и Жабљак, јавуваат црногорските медиуми.

На Жабљак и утрово паѓа снег, а температурата во седум часот изнесуваше нула степени Целзиусови.

Во следните деноцви се очекува нестабилно време со врнежи, додека, според метеоролозите, до стабилизација на времето и пораст на температурите треба да дојде во петок.