Снег на Водно
Денес на врвот на Водно падна првиот снег, што ја донесе првата снежна покривка во Скопје. Студениот бран утрово предизвика врнежливо и студено време со ниски температури кои, според прогнозите, во наредниот период ќе опаднат за уште пет до седум степени.
Снег има и на Попова Шапка и Пониква, како и во Пијанечко-Малешевскиот крај, Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица.
На патниот правец Кратово-Пробиштип, сообраќајот е во прекин за камиони.
Времето денеска е променливо облачно со сончеви интервали. На некои места се очекуваат повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките планини, особено во вечерните часови, услови за повремен снег.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини е можен снег, особено во ноќта кон вторник. Во петок се очекува разведрување и мало зголемување на дневните температури.