Снег на Велебит

Во Националниот парк Северен Велебит падна снег, јавуваат хрватските медиуми.
Моменталната температура е еден степен под нулата и дува силен ветер.
Велебит е најдолгата планина во Хрватска, 145 км, а четврта по височина.
Велебит се дели на Северен, Среден Велебит, Јужен и Југоисточен Велебит. Целото подрачје е заштитено како парк на природата, а Северен Велебит и Пакленица се прогласени за национални паркови.