Снаата на Ислам Абази вработена кај Груби, па во АЕК


Артан Груби ја вработил Шпреса Абази, снаата на јавниот обвинител зa организиран криминал Ислам Абази, како помлад соработник во неговото министерство.

-Ова е документот, од 4 април 2022, одлуката потпишана од Артан Груби, за вработување, каде што на третата страница е  снаата на Ислам Абази. Од тука, Шпреса Абази експресно преминува во АЕК, каде што е вработена како советник за одговор на компјутерски инциденти! Ова се јавни податоци, објавени на страницата на АЕК. Директор на АЕК е Јетон Акику, познат и како зет на Невзат Бејта, човекот со кого Абази, како што вели, има случајни фотографии, исто како што има фотографии со фамилијата на Али  Ахмети! За потсетување, сопругата на Ислам Абази, од 23 мај годинава е нов обвинител на ОЈО Кичево!

Па, почитувани има ли се уште некој што верува дека Ислам Абази ќе покрене, иницира истраги за скандалите, аферите, богатењето, самоволието на Артан Груби, на семејството Ахмети коешто без денар стана сопственик на 40 отсто од милионската зделка „Соравија“, за Рамиз Мерко којшто со 30 кривични дека заврши на црната листа? Ислам Абази е нем пред фактите за криминал, па дури и ја прекина комуникацијата со ДКСК.

Потсетуваме дека за изборот на Абази, којшто од непознат обвинител со тајно гласање беше избран за јавен обвинител за организиран криминал и корупција, реагираше и меѓународната заедница! Оттука, секому му е јасно дека зад декларативните изјави на Артан Груби и на Али Ахмети за барање „сеопфатна истрага“ за ДУИ стои сигурност дека ништо нема да биде преземено- изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМР О-ДПМНЕ.