Смртна казна за иранскиот новинар Рухола Зам, кој во 2017 година поттикнал протести


Иранскиот новинар Рухола Зам, кој со својата работа во 2017 година поттикнувал протести во земјата, денеска е осуден на смртна казна, потврди судот.

Зам ја уредувал интернет страницата „Амадњуз“, која објавувала  контроверзни видеа и информации за иранските власти.

Зам живеел и работел во егзил во Париз, но Иранската национална гарда во 2019 година го намалила да се врати во матичната земја, кога бил уапсен.