Смолинг: Со Меси си пруживме рака по мечот, знае дека не го удрив намерно


Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Крис Смолинг изјави дека не го удрил намерно Лионел Меси и дека капитенот на Барселона е свесен за тоа.

„Разговаравме по натпреварот. Меси знае дека тоа беше несреќен случај. Се ракувавме. На теренот се води беспоштедна борба, сите се трудиме да бидеме најдобри. По натпреварот и Суарез ми честиташе за натпреварот. Тоа е доказ дека н адвор од теренот има почитување меѓу фудбалерите“, изјави Смолинг.

При еден воздушен дуел меѓу него и Меси,во средата за време на четвртфиналниот меч од Лигата на шампионите, Смолинг со раката го поткачи Аргентинецот в лице, при што му го повреди носот и очниот капак.

Поради повредата, Меси ќе биде надвор од теренот и неизвесен е неговиот настап на реваншот со Манчестер јунајтед закажан за 16 април.