Смена на руските генерали во Украина, повторно доаѓаат „Сиријци“


Генерал Сергеј Суровкин

 

За време на вчерашниот брифинг руското министерство за одбрана за прв пат ги објави имињата на командантите на руските трупи во Украина. Министерството соопшти дека сега командант во воздушно десантните единици е генерал полковникот Сергеј Суровкин,  а на јужната „Група Центар“ е генерал полковникот Александар Лапин.

Британскоот министерство за одбрана денеска коментирајќи ги овие податоци тврди дека Москва се одлучила за смена на неколку генерали кои се клучни во синџирот на заповедништвото. Британците тврдат дека меѓу сменетите е заповедникот на воздухопловните сили, генерал Андреј Сердјуков, како и командантот на Јужната армиска група, Александар Дворников.

Генерал Суровкин на два пати беше главен командант на руските сили во Сирија, во 2017 и 2019 година. Според руските медиуми и лапин бил дел од командниот штаб во Сирија.

Очигледно дека руското министерство за одбрана во војната во Украина се потпира на високи офицери кои имаат воено искуство од Сирија.