Слушнете ја Бондовската тема „No Time to Die“ со Били Ејлиш (видео)


Англија– Били Ејлиш ја пее тематската песна за новиот филм за британскиот таен агент Џејмс Бонд, насловен No Time to Die („Нема време за умирање“).

;

18-годишната Били, добитничката на Греми награди, е најмладиот уметник/изведувач што досега напишал и снимил насловна нумера за серијалот филмови за славниот агент.

-Огромна чест е да добиеш можност да изведеш тематска нумера за филм што е дел на таква легенадрна серија“, изјави Били. „Бонд е најкул филмска франшиза до сега. Јас сум сè уште во шок.“

Таа ја напиша насловната песна за 25-тиот филм за славниот агент со нејзиниот 22-годишен брат Финнас О’Конел, нејзин примарен креативен партнер.

Последните две песни во изведба на Адел и Сем Смит освоија Оскар за најдобра филмска песна. Песните за Бонд ги испеаја и Ширли Бејзи, Тина Тарнер, „Дјуран Дјуран“, Лулу, Мадона…

Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд – „Не е време за умирање” (No Time To Die) пак е одложена од 20 ноември за 2 април 2021. Причината е поради високите бројки на заразени од коронавирус ширум светот.

Филмовите за „агентот 007“ чинат огромна заработка на светскиот кинопазар. Претходниот Бонд филм „Спектра” (2015), на пример, заработи над 679 милиони долари, а над 84 милиони долари само во Кина.

Режисер на филмот е Кари Фукунага, а покрај Даниел Крег кој за последен пат го глуми тајниот агент, свои улоги ќе имаат и Ралф Фајнс, Реми Малек, Рори Кинир, Бен Вајшоу, Наоми Харис, Леа Сејду, Џефри Рајт и други.

Филмот во најголем дел е снимен во Лондон, на Јамајка, во Италија и во Норвешка. Официјалниот трејлер беше објавен во август. Филмот ќе почне  да се прикажува од 8 април 2020 година.