Случај „Рекет“: Tешки сведочења, навреди и солзи меѓу Јанева и Стефанова


Не сме скарани, ама не сме во добри односи со Јанева. Како започна сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова, така и заврши. Со погрдни зборови од Јанева кон Стефанова, по што судијката ја избрка од судницата. Инцидентот се случи на крајот на рочиштето по што Јанева во солзи го напушти судот, пренесува „Телма“.

Претходно Стефанова, три часа раскажуваше за истрагата Империја, на чие чело беше таа, но за сите одлуки пресекувала главната специјална обвинителка.

Првите несогласувања меѓу нив започнале во декември 2017, кога Јанева на состанок побарала за сите осомничени кои се во притвор меѓу кои и Орце Камчев да се даде куќен притвор.

Втор пат на состанок во април следната година специјалната обвинителка барала да направи извештај потребен за спогодба со која Камчев не би одел во затвор, а исто така и да му го врати пасошот.

Ти Лиле да му го дадеш на Орце пасошот. Приговори нејќам. И Лиле и Бурим, да направите извештај колкава штета е направена во ‘Империја’ и ‘Поштенска банка’ и тука да се затвори предметот. А сега марш, излегувајте сите од тука!, сведочеше обвинителката Лиле Стефанова.

Инаку Стефанова сведочеше дека додека траела истрагата за империја бизнисменот кој сега е оштетен а осомничен во нејзината истрага, Орце Камчев се обидувал на најразлични начини да дејствува врз неа.

Имало бизнисмени политичари, обвинители судии. На прашање на адвокатите откри едно име, на судијката Добрила Кацарска.

Истрагата за „Империја“ е се уште жива. За „Рекет“ пак се обвинети ексспецијалната обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски, дека земале пари од осомничениот Камчев за да добие полесни мерки и пасош.