Словенија забрани продажба на заштитни маски, употребените да не се фрлаат в ѓубре


Словенечката Влада синоќа воведе забрана за продажба на заштитна опрема со цел да обезбеди доволно снабдување со маски за лице, санитарна и заштитна облека за здравствениот персонал и за спасувачите.

Забраната стапи во сила веднаш со цел да се спречат понатамошните проблеми.

Во Словенија и пред воведување на забраната, последните неколку денови немаше заштитни маски во продажба, како ни санитарна облека.

Масовната употребна на заштитни маски и ракавици со цел спречување на ширањето на коронавирусот претставува опасност за словенечките комунални служби, предупредуваат од таму.

Вработените од комуналното претпријатие „Суровина“ од Марибор се првите кои официјално реагираа до граѓаните, со апел да не ги фрлаат маските и ракавиците со другиот отпад, бидејќи тие се опасност за вработените и можат да бидат причина за ширање на коронавирусот.

– Строго апелираме, да ги почитувате правилата и препораките за одложување на отпад – пишува во соопштението од мариборското комунално претпријатие.

Реакциите и маските треба да се складираат одделно, како опасен отпад и да не се мешаат со другите отпадоци. Нашите служби ќе ги подигнат одделно и безбедно ќе ги складираат, информираат од „Суровина“.