Словенија со голем број заразени, им снемува работници


 

Во Словенија, во последните 24 часа потврдени се 6.918 новозаразени, нешто помалку од рекордните 7.420 од средата, а владата размислува за намалување на деновите за карантин и други можни мерки.

Стопанската комора предупреди дека работните процеси потенцијално се загрозени поради ширењето на омикрон варијантата и последично голем број вработени мора да останат дома и во изолација поради зараза или заради ризични контакти.

Претставник на комората вели дека бараат намалување на карантинот на епт дена место седум, а за излез од карантинот да се направи негативен корона тест.

Според словенечките медиуми, епидемиолозите и владата се склони кон тоа решение, што може да стапи на сила следната недела, ако го одобри владата.

Поради голем број луѓе кои се во изолација страда здравствениот систем, школството, но министерот за здравство рече дека последен што ќе се затвори ако треба е образовниот систем.

Инаку, денеска од тестирани 13.881, потврдени се 6.918 инфекции, што изнесува 50,6 отсто удел позитивни во тестирани.

Во болница има 524 ковид-пациенти, а 155 на интензивна.

Продолжува масовната вакцинација, ноз а втора или бустер доза, додека за прва стагнира. Досега потполно вакцинирани се 57 отсто од населението.