Словенија секој ден со рекорд- денеска 897 новозаразени


 

Во Словенија регистрирани се рекорден број заразени граѓани со корона вирус.

Од 5.605 тестови позитивни биле тестовите на 897 луѓе што е рекорден број на заразени за еден ден од почетокот на пандемијата во Словенија.

Еден државјанин на Словенија во странство дознал дека има корона, соопшти денеска портпаролот на Владата на Словенија Јелко Кацин на Твитер.

Вчера во Словенија беа регистрирани 834 новозаразени.