Словенија пријави 1.797 новозаразени


 

Во Словенија во текот на претходниот ден регистрирани се 1.797 новозаразени со корона вирусот.

Процентот на позитивни во однос на тестирани изнесува 26,78 отсто.

Изменетата владина уредба за привремена забрана за продажба на стока и услуги на потрошувачите, повторно овозможува градежни и услуги за одржување, услуги на отворено, поправки на техничка стока и работа на библиотеките.