Македонија загуби од Словенија на Светското првенство во ракомет


Ракометарите на Словенија ја совладаа екипата на Македонија до 31:21 во првиот натпревар од втората фаза на Мундијалот во Египет.

Словенците стигнаа до четвртиот бод на Светското првенство, додека Македонија го заврши натпреварувањето за еден од медалите на Мундијалот.

За нас, ова е трет пораз и ги изгубивме сите шанси за четвртфинале.

Словенија кон крајот на првото полувреме стекна предност, која не ја испушти до крај. Всушност, само ја зголемуваа.

Најефикасен поединец беше Гаиќ со седум голови, додека по пет дадоа Доленец и Мацковшек.

Во репрезентацијата на Македонија најдобар беше Кире Лазаров со пет погодоци.