Словенија ќе ни го тргне карантинот ако се подобри состојбата со епидемијата


Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска остварил видео средба со словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар, на која разговарале за актуелните состојби во двете земји во врска со справувањето со пандемијата и за економските последици од истата.

Притоа, министерот Логар нагласил дека одлуките во поглед на мерките кои важат при влез во Словенија на лица од трети земји ги носат исклучиво врз основа на епидемиолошката слика, која се следи на дневна основа. Следствено изразил уверување дека последната одлука во однос на потребата од изолација при влез во Словенија на лица кои патуваат од Северна Македонија би се променила веднаш штом дојде до промена во позитивна насока, за што изразил желба да се случи што поскоро.