Словенија изрекла казни од шест милиони евра поради работа на „црно“


Управата за финансии на Словенија (ФУРС) објави дека минатата година изрекла казни поради непријавени работници во висина од шест милиони евра.

Инспекторите во борбата против сивата економија и непријавените работници направиле вкупно 11.982 контроли, од кој во 22,3 отсто од случаите утврдиле и санкционирале неправилности.

Владината Комисија за спречување на илегалната економија во извештај објавен на интернет страницата на Владата, забележува дека ФУРС успеал да открие голем дел од нерегуларностите благодарејќи на „добро планираните и исправно насочените контроли“.