Словенија издаде инфлациски обврзници


Словенија денеска ја издаде првата обврзница индексирана на инфлација, во износ од 100 милиони евра и со реален купон од 0,825 отсто, што достасува во 2034 година, соопшти Министерството за финансии.

– Со издавањето на оваа обврзница ги поставивме основите за развој на нов пазар на обврзници и ја отворивме вратата за поширок круг на инвеститори. Со обврзницата ја зголемуваме разновидноста на инструментите за финансирање на државниот буџет и апелираме до инвеститорите кои инвестираат во вакви должнички инструменти, соопштуваат од Министерството.

Со издавањето на првата обврзница, чијашто главнина е поврзана со договорениот индекс на потрошувачки цени за еврозоната (Eurostat Eurozone Consumer Price Index – HICP ek tobacco), Словенија се приклучи на групата развиени земји кои веќе издаваат вакви обврзници според канадскиот модел.

При издавањето на инфлаторната обврзница Словенија нема да биде изложена на инфлаторен ризик бидејќи во исто време е склучен и каматен своп со цел да се регулира каматниот ризик од инфлација на фиксна каматна стапка од 3,5 отсто, појасни тој.

Обврзницата ќе котира на пазарот на хартии од вредност на Љубљанската и Луксембуршката берза.