Словенија: Голем пораст на новозаразени и хоспитализирани, речиси секој петти тест е позитивен


Young female student feeling ready to write exam testing and making individual tasks using technology computer and tablet connected to global network while smiling in university coworking space

Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 477 инфекции со коронавирус, речиси секој петти тест е позитивен, со значително зголемување на дневните инфекции и хоспитализации во споредба со минатата недела.
Вкупно 477 случаи на инфекција се потврдени од 2.489 ПЦР тестови, или 19,2 проценти, додека пред една недела имаше 318 новозаразени, со 15,5 проценти позитивни резултати, објави владата во вторникот.

На негативниот развој на епидемиолошката состојба укажува и зголемувањето на приемите во болница, при што на почетокот на минатата недела имало 49 пациенти со ковид, а денес се 86. Меѓу нив 19 се на одделенија за интензивна нега, од кои 10 биле интубирани.

Националниот институт за јавно здравје проценува дека во моментов има 3.753 активни случаи во земјата. Седумдневниот просек на инфекции е исто така во пораст, сега изнесува 332 случаи. Инциденцата од 14 дена на 100.000 жители е 178 инфекции.

Досега, 41,9 проценти од населението е целосно вакцинирано против „Ковид-19“.

Институтот, исто така, ги објави најновите резултати за секвенционирање на вируси, според кои повеќе заразна делта варијанта веќе учествува со 99,3 проценти од случаите на инфекција во државата.