Словенија ги отвори аеродромите


По повеќе од два месеца Словенија повторно ги отвори меѓународните аеродроми.

На аеродромите во Љубљана, Марибор и Порторож од утрово се дозволени интернационални летови од земјите членки на Европската унија, но и оние од трети земји, соопштија од Владата.

Бригита Зорец, претставник на компанијата Фрапорт, која оперира со аеродромот Брник крај Љубљана, изјави дека сите оние кое ќе влезат во земјата, сепак, ќе мораат да одат во седум дневен домашен карантин.

-Очекуваме мерките против ширењето на коронавирусот полека да се укинуваат и кон крајот на мај со нови правила да стигнеме на ниво на нормален авио-превоз, изјави Зорец.

Авиопревозниците најавуваат повторно воспоставување на летовите кон крајот на мај