Словенечки министер за короната: Состојбата е драматична


 

Иако во Словенија во последните 24 часа потврдни се само 39 нови случаи со корона вирус, владата предупредува дека на сериозноста на епидемиолошката ситуација и се подготвува за нејзино изразено влошување.

Во понеделник, тоа го потврди и министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, велејќи пред новиранрите дека и последните податоци зборуваат за влошување на состојбата и дека во иднина не може да се исклучи повторно прогласување епидмија од Ковид-19.

Словенија административниот крај на епидемијата, како прва држава во Европа, го прогласи кон крајот на јуни, откако повеќе денови немаше ни еден заразен со корона вирус. Исто така одобри релаксирање на мерките, но другиот бран дојде пред очекуваното откако минатиот четврток се регисрираа 137 новозаразени, што е и рекорд од почетокот на пандемијата.

„Во последните 24 часа забележани се само 39 нови заразени, помалку од претходните денови, но со помалку тестирања, но тоа се уште се смета за драматичнен тренд затоа што процентот новозаболени меѓу тестираните е дури поголем од претходните деноци“, вели Хојс.

И репродукцискиот број е релативно висок, 1,3 а продолжува и растот на хоспитализирани и оние на интензивна нега, а двата нови смртни случаи доведоа до 149 вкупно.

„Минатата недела, Словенија, која има два милиони жители, заразата со корона вирус е потврдена кај 920 луше, што е 199 повеќе заболени отколку недела пред тоа. Податоците говорат дека заразата најмногу се шири во старечките домови, во болниците, училиштата и во работните средини“, рече во понеделник портпаролот на на владата за Ковид-19 Јелко Кацин.