Словенечката разузнавачка агенција бара агенти преку рекламата

Словенечката разузнавачка и безбедносна агенција (СОВА) донесе одлука без преседан да ангажира нови агенти на многу јавен начин – преку објавување огласи за работни места во весници и на интернет.

На тој начин, Агенцијата се обидува да пополни седум слободни работни места, вклучително и аналитичари, технички и правни лица и две работни места што се опишуваат како „собирање податоци со тајна соработка”.

Агенцијата објаснува во своите огласи дека бара „динамичен и мотивиран персонал, заинтересиран за работа во разузнавачките и безбедносните служби и мотивирани од работни предизвици и подготвеност да се прилагодат на посебната природа на работата”.

Тоа е првпат во историјата Агенцијата да одлучи јавно да објави огласи за работа.