Словенечка доминација на Тур де Франс


Словенечкото дуо Примож Роглич и Тадеј Погачер сега е на првото и второто место на Турд де Франс (Фото: АФП)

Два киломтери на многу стрмо искачување во централна Франција го испомешаа редоследот во генералниот пласман. Примож Роглич ја покажа својата класа

 

Најстрмниот дел од искачувањето на Пуј Мери е долг само два километри, но се покажа повеќе од доволен за лидерот на Тур де Франс во 2020 година, Примож Роглич (Јумбо-Висма), да го направи својот најимпресивен потег досега кон победа на трката во целост.

Штом Тадеј Погачар (Емирати) забрза на искачувањето, токму кога градиентот на патот се пресели во двојни цифри, Роглич беше на неговото тркало, додека нивните ривали останаа расфрлани по целата планина зад нив.

Победата на етапата во тој момент веќе долго време му припаѓаше на Колумбиецот Дани Мартинез (ЕФ Про Сајклинг), но кога Роглич и Погачар ја преминаа целта како 12 и 13 на етапата, штетата што ја нанесе словенечкото дуо беше јасна. Тие беа 13 секунди пред најблискиот конкурент Ричи Порте (Трек-Сегафредо), а останатите ривали се бореа да ги ограничат загубите.

Во водство од неделата, Роглич – во само едно искачување – ја истегна својата претходна вкупна предност од 21 секунда пред Еган Бернал (Инеос Гренадиерс) на над двојно повеќе од тоа. Погачар сега е втор во генералниот пласман, со 44 секунди подолу од Роглич, додека Бернал е трет со заостанување од 59 секунди.

Пред 13-та етапа имаше шест возачи во рамките од една една минута од Роглич, но сега има само двајца. Велосипедистите кои се бореа во Пуј Мери имаат што да размислат – ако Роглич и Погачар можат да зададат толку голем удар на толку кратко искачување, колку лошо ќе биде на Алпите?

Колумбиецот Дани Мартинез ја освои најтешката етапа досега (Фото: АФП)

Возачите од Словенија сега се на првото и второто место, додека колумбиските возачи – Бернал, Ригоберто Уран, Наиро Кинтана и Мигел Анхел Лопез – ги заземаат следните четири места.

На прашањето дали бил ден за Словенците или за Колумбијците, Роглич одговори: „Зависи како гледате на тоа. За мене, тоа беше словенечки ден, јас сум супер задоволен од начинот на кој помина. Јас сум исто така супер среќен што има двајца Словенци пред Колумбијците“.

Што се однесува до самото искачување од пет километри што го отвори Турот, Роглич рече дека погледнал на врвот од подножјето на искачувањето и си помислил: „Уфф, тоа ќе боли. Тоа беше само полн гас, сè на граница, сите се обидуваа да дојдат до врвот што побргу. Морав да вложам голем напор, јас сум само супер среќен што можев да постигнам резултат што беше добар за мене“.

Иако Погачар го направи почетниот потег, се забележуваше дека Роглич беше човекот од челото, сугерирајќи дека ако Погачар е поексплозивен, Роглич може да биде подобар кога станува збор за одржување на високо темпо на искачувањата.

Роглич беше дипломатски околу тоа кого чувстува дека му е поголем ривал – Бернал или Погачар. Додека тој склучуваше сојуз со Погачар во Пуј Мери, се разбира, може да дојде момент кога младиот возачќе стане неговиот најголем предизвикувач.

„Трката сè уште не е завршена и многу работи сè уште може да се случат. Постојат многу различни сценарија“, рече Роглич. „Не сакам да се заморувам со размислување за тоа, ако само се фокусирам на мене тогаш сигурно ќе бидам задоволен со кое било место што ќе го освоиме“. (Сајклинг њуз)