Словенците на протест поради мигрантите, бараат подобра заштита на границите


Околу 400 Словенци се собраа во знак на протест барајќи подобра заштита на границите и отфрлајќи ја идејата нивната заедница да биде центар за процесуирање мигранти.

– Мештаните од пограничните подрачја кои живеат во близина на граничниот премин „Јелшане“, кон Хрватска, секојдневно се соочуваат со илегалните мигранти, кои често ја загадуваат природната околина – изјави еден од демонстрантите, Иван Цегнар, пренесе СТА.

Тој вели дека граѓаните бараат државата да ја заштити Шенгенската граница во согласност со законот и обврските кои СЛовенија ги прифати, кога се приклучи на Шенген зоната.

Подрачјето на „Јелшане“ не е главна влезна точка за мигрантите, но проблемите на локалните жители ги влошија плановите за вонредни ситуации, како во случај на пораст на бројот на мигранти вклучително користење згради во близина на граничниот премин како центар за процесуирање мигранти.

Во целата земја регистрирани се 1.639 обиди за незаконско преминување на границата што е зголемување од речиси 150 посто во однос на претходната година, потсетува СТА.