Словачка, за Велигден, го ограничува движењето на шест денови


Словачка има намера да го ограничи слободното движење на луѓето од среда до 13 април, најави премиерот Игор Матович.

Луѓето ќе можат да одат на работа, да купуваат или на лекар, изјави синоќа Матович на прес-конференција.

– Целта на тие мерки е да се избегнат непотребни патувања и состаноци и на тој начин да се избегне непотребно инфицирање на нашите роднини и најблиски, рече тој.

Постои традиција во Словачка за Велигден, што годинава за католиците и протестантите е на крајот на оваа недела, да посетува роднини и пријатели.
Ограничувањата мора да бидат одобрени од Владата што ќе се заседава денеска.

Словачка веќе забрани меѓународен патнички транспорт, сите јавни настани, затвори училишта и повеќето продавници за да го ограничи ширењето на новиот корона вирус.

До неделата, регистрирани беа 485 случаи на заразени со новиот корона вирус во Словачка.